МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Одбележан светскиот ден на учителот

петти октомври 23 Ден на учителот

   „Нема да имаме општество, без професијата учител, професија која подразбира учители кои поучуваат и кои учат“- Мајк Фулан.

   Под ова мото на 5 октомври во гимназијата „Мирче Ацев“ во чест на учителите, наставниците и професорите беше одбележан Светскиот ден на учителот.

   Преку скромна програма исполнета токму со активностите произлезени од наставниците и учениците, преку песна, реферати, есеи и изложба на калиграми, им се оддаде признание на учителите.

   „Учителите се стожер на образовниот систем и од нив зависи квалитетот на образованието. Затоа професијата учител е благородна професија, која го издигнува човекот на еден висок – хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети“- беше напишано во еден од рефератите кои ги подготвија и интерпретираа учениците: Рената Пусоска, Софија Настоска, Милана Капкоска, Искра Спиркоска, Матеја Илијеска, Ива Парапански и Софија Оџаклиеска, под менторство на професорот по Македонски јазик и литература, Дарко Ристески.

  Во рамки на програмата беше отворена и изложба од калиграми изработени од сите ученици од прва до четврта година, на иницијатива на професорката по Француски јазик Мирјана Бошковска, а под менторство на професорите по Ликовна уметност Гордица Д. Груеска и Алексндар Џинго. Во подготовката и поставувањето на изложбата учествуваа учениците од IV-1 клас.

   Програмата беше дополнета со музичките изведби на ученичките Маја Марија Богдан, Илина Трпаноска и Ива Парапански, под менторство на професорката по Музичка уметност, д-р Татјана Иваноска.

  За техничката реализација на настанот одговорен беше професорот Николче Богданоски.

   Настанот беше со целосна поддршка од директорката на училиштето, проф. Весна Михаиловска.

   НЕКА Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ!

Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот Во гимназијата, одбележан беше светскиот ден на учителот

 

Фотографија: Марија Темемеле


Објавено на: 05 Окт 2023

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија