МК | EN | FR | DE
На првиот ден од Божик, во координација на проф.Ружа Ангелеска и членови од Училишниот парламент на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, по седми пат се реализира хумана акција „ЕДЕН ПОНАКОВ ДЕН“ за децата без родители од општина Прилеп сместени во згрижувачки семејства.
Овој поинаков ден за децата без родители има за цел да се социјализираат и анимираат во секојдневните општествени и културни настани како и сите деца преку дружење во една поинаква несекојдневна атмосфера а со тоа да се поттикнат сите структури на солидарност, хуманост и грижа за различностите.
За жал иако не можеме да му овозможиме вистинско семејство и љубов за која мечтае секое дете и човек, некогаш доволно е барем на момент некој да ги поддржи и охрабри, а за таа цел оваа година ЗА ЕДЕН ПОИНАКОВ ДЕН се погрижи Детска амбасада на свечениот Божикен ручек под мотото „ПОД ЕДНО НЕБО ЗА СИТЕ ДЕЦА“
Во овој поинаков ден, оваа година практично корисни подарици за секое дете финансираше докторот специјалист ортопед, советник во општина Прилеп и поранешен ученик на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп, Кире Јонски, а освен Новогодишните пакетчиња од Детската амбасада, новогодишни пакетчиња донираа и вработените од ТАБАКО ДИСКОНТИ Прилеп.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.