МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Гимназијалците по повод Денот на пролетта

   

   21 Март е меѓународен Ден на  пролетта. Означува будење на природата и свеста за еколошко дејствување, но и ден на бојата, шумите и водите.

   По тој повод, СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ доби покана од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп, за заедничка соработка со ОУ „Св Кирил и Методи“ с. Канатларци. За таа цел, организиран беше ликовен хепенинг на кој учениците Сара Пашоска, Теа Петреска, Давид Ристески, Ива Богеска, Катерина Николоска, Зорица Стојческа и Јордан Барлески под менторство на професорот Александар Џинго изработија прекрасен мурал насликан на ѕидот на спортското игралиште кај домаќините. 
   Со тоа реализирани беа ЕКО активности и активности од МИО, на ученици од овие училишта.

   Во исто време, во просториите и дворот на Гимназијата, ученици од прва и од трета година, под менторство на професорката Гордица Димитриевска Груеска, активно се вклучија во одбележувањето на овој ден.
   Ученици од прва година работеа на украсно пишување - калиграфија, со употреба на флора и фауна како симболично пролетно будење.
   Гимназијалци од трета година, својата активност ја насочија кон „Еколошки хортикултурни замисли“. Сиви фотографии од училишниот ентериер и екстериер ги обоија и ги збогатија со свои идеи за оплеменување на просторот како поубаво место за учење и дружење. Од сликите, цртежите и фотографиите, во училишниот ходник поставена е еко изложба.

 

ekologija 23-1 ekologija 23-2 ekologija 23-3 ekologija 23-4 ekologija 23-5 ekologija 23-6 ekologija 23-7 ekologija 23-8 ekologija 23-9 ekologija 23-10 ekologija 23-11 ekologija 23-12 ekologija 23-13 ekologija 23-14 ekologija 23-15 ekologija 23-16 ekologija 23-17 ekologija 23-18 ekologija 23-19

   Активностите беа организирани и координирани од училишниот еко тим и директорката на училиштето Весна Михаиловска.


Објавено на: 22 Мар 2023

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија