МК | EN | FR | DE
И, конечно по неколку години пауза, се реализираше повеќедневната екскурзија за учениците од Гимназијата.
Дестинација беше прекрасната Италија. Од пристаништето во Игуменица ( Грција) со траект се упативме кон пристаништето во Бари (Италија). Пловењето низ Јадранското Море траеше цела ноќ и беше едно убаво искуство за сите. Во Бари беше посетена познатата црква „Св. Никола“.
Патувањето продолжи кон Рим со попатна посета на градот Неапол. Иако дождливото време не ни одеше во прилог, во овој италијански град поминавме неколку часа во разгледување на знаменитостите. По поминатата ноќ во Рим, следниот ден ја посетивме папската држава Ватикан.
Воодушевени бевме од музеите на Ватикан, Систинската капела и секако црквата „Св. Петар“. По разгледувањето на другите атракции низ Рим,патувањето и доживувањата ги продолживме кон Фиренца - лулката на ренесансната уметност. И овде друштво ни правеше дождот но ништо не можеше да го спречи нашето воодушевување и љубопитност. Следна дестинација беше прекрасната Верона и посетата на Куќата на Јулија. Голем број од гимназијалците традиционално, ги оставија своите љубовни пораки и желби во дворот на Јулија.
Последното ноќевање беше во близина на Венеција, во познатото летувалиште Лидо ди Јесоло. Сигурни сме дека не постои ученик што ќе ја заборави забавата во една од дискотеките во Лидо ди Јесоло. Поминавме неколку часа заедно, цела генерација, со одлична забава и добра музика. Следниот ден, последниот ден, на ред дојде Венеција. Бевме како занемени од убавините и знаменитостите на овој град. Со нас повторно беше дождот, но некако се навикнавме на него. Во доцните попладневни часови ја напуштивме Венеција и исполнети со впечатоци отпатувавме за Македонија.
Она што постојано беше присутно меѓу нас на ова патување беа добрите вибрации. Ние бевме примерни и одговорни, а нашите професори на висина на својата задача. Благодарни сме на нашите класни раководители за посветеноста, пријателскиот однос кон нас и дваесет и четири часовната грижа за нас. Благодарност и до директорката Весна Михаиловска што присуствуваше на оваа незаборавна екскурзија. Голема благодарност до Т.А. „Бран“ и нивните водичи, како и до возачите на четирите автобуси.
На прашањето
- По што ќе ја памтам екскурзијата?
Гимназијалците рекоа:
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.