МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Гимназијалците ја продолжија традицијата на одбележување на Денот на Франкофонијата 

 

   Ученици од основните училишта од општина Прилеп и од гимназијата „Мирче Ацев“  кои го изучуваат францускиот јазик, во киното „Мис Стон“ на 20 март го одбележаа Меѓународниот ден на Франкофонијата.

   Пред публиката се претставија ученици од основните училишта: „Климент Охридски“ под менторство на проф. Билјана Трчкоска; „Кочо Рацин“ под менторство на проф. Весна Трајческа; „Кирил и Методиј“  - с.Канталарци под менторство на проф. Љупка Томиќ и „Гоце Делчев“ под менторство на проф. Ирена Наумоска.

   Од средните училишта, единствено ученици на нашата Гимназија настапија со  рецитации, драмска иведба и една музичка точка.
   Учениците Ана Нешкоска и Гордана Димеска рецитираа поезија од Жак Превер и Виктор Иго, драматизираше ученикот Христијан Нашуловски, а ученичката Александра Трајческа настапи со музичка точка.
   Ментор на учениците им е професорката по француски јазик Мирјана Бошковска.

франкофонија 2023

франкофонија Прилеп 2023

   Во публиката, гости на овој настан беа градоначалникот на Прилеп, господинот Борче Јовчески, претседателот на Советот на општина Прилеп, господин Деан Проданоски, амбасадорот на Република Франција во Македонија, господин Сирил Бомгартнер како и претставници на Францускиот институт.

   Манифестацијата беше во организација на ООУ „Гоце Делчев“, а главен организатор - координатор на овој прекрасен настан беше проф. Ирена Наумоска.


Објавено на: 22 Мар 2023

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија