МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Гимназиско кино

   Културниот сектор на Ученичкиот парламент при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп организира „МЕСЕЦ НА МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ“.
   Имено, во месец декември, секоја среда, кабинетот по Физика ќе биде преуредуван во училишна кино сала во која ќе има проекција на некој македонски филм.
   Капацитетот на училишната „кино сала“ е 70 посетители.

кино во гимназијата

   Целта на ваквата активност е учениците да се запознаат со некои од македонските филмови, да им се вроди љубов кон нив и воопшто кон филмската уметност, да го почувствуваат кино амбиентот, макар и во импровизирани услови, да се дружат, да се забавуваат и да се подигне културната свест кај учениците.

   Оваа иницијатива произлезе од учениците Евгенија Димитриовска, Софија Димитриеска, Горјан Ристески и Елена Јандреовски, кои воедно се и реализатори на проекциите.

   Оваа среда, 06.12, во 20 часот, се прикажуваше филмот „Викенд на мртовци“.

плакат викенд на

Собраните средства ќе се искористат во хуманитарни цели

проекција на филм

кино публика

   Импровизираната кино сала беше исполнета до последното место.
   По завршувањето на проекцијата учениците имаа позитивни коментари за настанот.

   Проекцијата се реализира со техничка поддршка на проф.Николче Богданоски.


Објавено на: 07 Дек 2023

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија