МК | EN | FR | DE
Филип Тренкоски, Сара Трајкоска, Рената Пусоска и Теодора Трајкоска, ученици во трета година во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, со професорите по социологија Снежана Тодорческа и Натали Илиоска беа дел од семинарот одржан во Собранието на Република Македонија на ден 31.01.2023. Семинарот беше наменет за ученици од средните училишта во РМ. Преку содржините прилагодени за нивната возраст, учениците ги утврдуваат и прошируваат своите знаења за парламентарната демократија и нејзиниот историски развој во Македонија, за работата на Собранието, изборот на народните претставници, донесување на закони и слични теми.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.