МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Гимназијалецот Петар Мирчевски ќе се натпреварува на две светски хемиски олимпијади

 

   После успешниот циклус на натпревари по предметот хемија (oпштински, регионален и државен натпревар) и освоена прва награда на државниот натпревар, ученикот Петар Мирчевски од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, под менторство на проф.Блаже Димески продолжи да учествува на подготовки за олимпијада по хемија.

   „Ова е неверојатен успех на Петар  или подобро кажано подвиг, затоа што за кратко време го совлада редовниот материјал од II, III и IV година и на 26 јануари 2023 година, во првиот селекционен натпревар се пласира меѓу десетте најдобри ученици.“

во канцеларијата со директорката и менторот
Петар Мирчевски и менторот Блаже Димески на прием кај в.д. Директорот Весна Михаиловска

   „Со тоа се стекна со правото да продолжи со подготовки на Природно-математичкиот факултет при Институтот на хемија, кои се состоеа од предавања и изведување експерименти прилагодени на материјалот предвиден за олимпијадите. Мора да се каже дека материјалот што треба да се совлада за влез во Олимпискиот тим е скоро цела теориска и применета хемија а се изучува од светски најпознатите автори, истите оние  кои  се учат и на најреномираните универзитети.“ - објасни неговиот ментор, професорот Блаже Димески. 

   На Вториот Селекционен натпревар, одржан на 8 и 9 април, Петар Мирчевски го освои второто место и стана дел од тимот кој што ќе ја претставува Македонија на Интернационалната Менделеева Хемиска Олимпијада (IMChO 2023) во Астана, Казахстан од 30-ти април до 6-ти мај.

   По враќањето на македонскиот тим од споменатата олимпијада, со организаторот на тимот професор Д-р Миха Буклески, следат повторно кратки подготовки за Интернационалната Хемиска Олимпијада (IChO 2023) која ќе се одржи на лето во Цирих, Швајцарија.

   Најдобро е што тој е млад хемичар кој ќе има шанса и следните години да се натпреварува  и да биде се подобар и подобар. Исто така, со самото учество на овие натпревари ќе му бидат отворени вратите на сите светски  универзитети.

   Да му посакаме се најдобро и многу успех и  да ни ја претстави Гимназијата, Прилеп и Македонија во најдобро светло!

пред гимназија Петар Мирчевски и Блаже Димески

Ученикот и менторот заслужуваат едно големо БРАВО за овој несекојдневен успех !

 

Објавено на: 20 Апр 2023

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија