МК | EN | FR | DE
Учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ под менторство на професорите по социологија Снежана Тодорческа и Натали Којев беа дел од едукативната активност „Имам став“ за ученици од средните училишта која што се одржа на 28-ми март во Собранието на Република Македонија.
Едукативната активност „Имам став“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог закон во рамките на Собранието и истата е од натпреварувачки карактер. За оваа активност учениците од нашата Гимназија разгледуваа и донесуваа решенија за темите „Прекумерна употреба на социјалните мрежи и интернет од страна на младите” , „Иселување на младите“ и „Реформи во образованието“. Дебатите беа оценувани од страна на комисија во која беа вклучени и пратеници.
Целта на одржување на оваа едукативна активност е приближување на работата на Собранието на Република Македонија и процесот на донесување на закони до младата популација.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.