МК | EN | FR | DE
Приоритет во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ е грижата за безбедност и заштита на учениците која се остварува низ ефективни форми и активности во училиштето.
Училиштето од неодамна е вклучено во проект „Унапредување на менталното здравје на учениците“ во соработка и заемни активности со Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ, во училиштето има подготвено Акциски план во кој се предвидени повеќе активности кои веќе се почнати да се реализираат. Една од тие активности е реализацијата на работилници на кои акцентот се става на развивање и подобрување на компетенциите кај учениците.
Темата на работилниците е „Меѓусебна комуникација кај учениците во училиштето“. Целта на овие работилнички активности е подигнување на повисоко ниво на вербалната комуникација кај учениците, односно учениците да умеат да препознаваат и изразуваат позитивни и ефикасни промени во сопственото однесување преку праведни реакции во решавање на меѓусебни недоразбирања во вербалната комуникација.
Работилниците се реализираа со учениците во III-2 клас на 20.02.2023г и со I-4 и I-6 клас на 21.02.2023г. и изобилуваа со низа активности во кои учениците зедоа активно учество. Посебно се издвои активноста на учениците и се поведе дискусија со која се извлече заеднички заклучок дека:
Учениците:
Реализатори на овие работилнички активности се членовите на стручната служба педагогот Светлана Барлакоска и социологот Евда Спиркоска со поддршка на вд директорот Весна Михаиловска и класните раководители во III-2, I-4 и I-6 клас.
Во наредниот период претстојат повеќе активности поврзани со менталното здравје на учениците во училиштето од кои има потреба, а кои ќе се реализираат со учениците, наставниот кадар и родителите.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.