МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Среќно матуранти!

   Во петокот, на 11 август, во нашата Гимназија, со пригодна свеченост, доделени им беа дипломите на матурантите од генерацијата 2019-2023.

   Настанот започна со интонирање на македонската химна, по што пред присутните кратко излагање имаше в.д. директорката на училиштето, Весна Михаиловска. Таа на матурантите им ја честиташе матурата и им посака успех во понатамошното образование и живот.

   Потоа следуваше чинот на прогласување на Првенец на генерацијата. За првенец на генерацијата прогласена е Софија Гешоска.
   Во своето обраќање, Софија им се заблагодари на сите професори и вработени во гимназијата, како и на сите соученици, од кои ја имала поддршката изминатите четири години, потенцирајќи дека сите имаат заслуга и придонеле за тоа што го постигнала.

   Награди им беа доделени и на учениците кои од почетокот до крајот на гимназиското образование, континуирано во сите периоди имале петки по сите предмети. Наградени беа: Ивана Стојаноска, Лариса Кајџаноска, Никола Мавчев, Нина Небрежанец, Викторија Танеска и Софија Гешоска.

   По ова, класните раководители, им ги доделија дипломите на матурантите.

   Следуваше мала забава, со музикчкиот избор на поранешниот гимназијалец Иле Јосифоски (DJ IKKI), и секако неизбежната фото сесија.

Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023 Доделување на дипломите на матурантите 2023

   Фотографија:
Марија Темемеле


Објавено на: 12 Авг 2023

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија