МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Гимназијалците освоија едно прво и две втори места на натпреварот „Млади физичари“

 

млади физичари 2023

   Гимназијалците од гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп се вратија со три освоени награди од 45 - тата Школа „Млади физичари“ која се одржа на 17 ноември во просториите на Природно - математичкиот факултет во Скопје.

   Во конкуренција од прва година под менторство на проф. Димовска Соња учениците Михаил Ѓорѓиески и Софија Димитриеска со својот експеримент „Двојната природа на светлината“ освиоија прва награда, а ученикот Андреј Вршкоски со „Прекинувач на ѓезве“ ја освои втората награда.

доделување дипломимлади физичари 2023

наградени ученици прва година со менторот Соња

   Во конкуренција од втора година под менторство на проф. Марина Попоска ученикот Георги Николоски со експериментот „Забележување на бојата на светлината што се пропушта низ различни обоени филтри” ја освои втората награда.

боја филтрифизичари

со марина

   Учениците Софија Настоска и Ивана Атанасоска со Симулацијата за „Зелен водород како алтернативно гориво“ имаа успешно учевство на 45 –тата Школа „Млади физичари“. На натпреварот учествуваа и учениците Христијан Илиоски и Филип Темелкоски од трета година.


Објавено на: 18 Ное 2023

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија