МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Злато за гимназијалците,

победници на натпреварот за вселената

   На 15 Јуни 2023 во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп се одржа 4-тиот Хакатон од Првата Национална Олимпијада за Вселената. Организатори на истиот се ЊуМенс Бизнис Акцелератор и Фондацијата Голдилокс со поддршка на Американската Амбасада. Хакатонот се одржува по повод 10-годишниот јубилеј на хакатонот NASA Space Apps Challenge. Тоа е STEM натпревар во знаење и креативност за основци и средношколци.

  Тимот „Team Intelligence“ од нашата Гимназија „Мирче Ацев“, во кој се учениците: Софија Настоска од I-6, Георги Николоски од I-4 и Никола Бонески од III-8, под менторство на професорката по физика Марина Попоска, во категоријата средношколци, го освои I (првото место).

   Тимот учествуваше со сопствена изработка - Патување од Земјата до Марс со макета, едукативен и забавен стрип и сопствена презентација со анимација, видео и квиз тест кој присутните можеа да го решаваат преку QR код на екранот.

   На секој од учениците им беа доделени и златни медали, што им ги врачи градоначалникот на Општина Прилеп д-р Борче Јовчески. 

NSO2023MK NSO2023MK NSO2023MK NSO2023MK NSO2023MK NSO2023MK NSO2023MK NSO2023MK NSO2023MK NSO2023MK NSO2023MK NSO2023MK

   По одличните оценки од страна на комисијата за изработката и презентацијата, тимот го освои првото место и си обезбеди учество на финалниот настан на средината на Септември оваа година, што ќе се одржи во Скопје, кога за прв пат ќе бидат лансирани 2 метео балони Ballon SAT кои ќе летаат во земјината атмосфера до почетокот на вселената, а ќе бидат опремени со сензори и експерименти направени од победниците на регионалните натпревари.

   На Софија, Георги и Никола, на професорката Марина и на нашето училиште СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ им беа доделени сертификати за успешно учество.


Објавено на: 15 Јун 2023

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија