МК | EN | FR | DE
Според официјалните резултати од општинскиот натпревар по хемија кој и оваа година беше онлајн со физичко присуство, учениците на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп постигнаа одлични резултати, со оглед на тоа што и пласманот е според перцентилен ранг на државно ниво т.е. според бодовите од најдобриот ученик од генерацијата во соодветната категорија.
Од вкупно 7 ученици кои се натпреваруваа во прва категорија за регионален натпревар се пласираа 6 ученици и тоа:
1. Георги Николоски
2. Марија Митреска
3. Мила Нанеска
4. Елена Дамеска
5. Софија Настоска и
6. Дора Иваноска,
и ученичката Маја Спиркоска од трета категорија сите под менторство на проф.Ружа Ангелеска.
Од вкупно 6 пријавени ученици од втора категорија под менторство на проф.Блаже Димески на регионален натпревар се пласираа 4 ученици и тоа:
1. Марија Бардакоска
2. Марија Пенкоски
3.Кристијан Узуноски и
4. Петар Мирчевски кој е директно пласиран како член кој се подготвува за олимпискиот тим по хемија.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.