МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Гимназијалците одлични на регионалниот натпревар по математика

 

математичари

   На 04 март 2023г. Нашата Гимназија беше домаќин на 46-иот Регионален натпревар по математика.
   На овој натпревар нашите ученици освоија награди и обезбедија пласман за државниот натпревар.

   Под менторство на проф. Евгенија Нешкоска наградени се:

  • Михаил Живковиќ од прва година со прва награда и
  • Георги Николовски од прва година со трета награда.

   Под менторство на проф. Антонија. Г. Петкоска од втора година наградени се:

  • Филип Темелкоски со трета награда и
  • Марија Бардакоска со пофалница.

   Од трета година награден е Иван Јованоски со трета награда под менторство на проф. Афродита Стефаноска.

   На учениците и менторите им посакуваме успех и на државниот натпревар по математика.

решавање задачи по математика прилеп 2023

гимназија прилеп математика

колеги математика натпревар 2023

   Претходно, на општинскиот натпревар, учениците од нашата Гимназија освоија: Прва награда за Филип Темелкоски и Михаел Живковиќ, втора награда за Гаврил Василески, трета награда за Иван Јованоски, Марија Бардакоска, Ивана Атанасоска, Георги Николовски и пофалница за Матеј Звездакоски.

   Честитки за учениците и нивните ментори.


Објавено на: 07 Мар 2023

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија