МК | EN | FR | DE
На 4.01.2023 г. Гимназијата „МирчеАцев“ го одбележа патрониот празник.
Активностите по повод овој настан започнаа на 22.12.2022 г. со одржувањето на поетската вечер „Со љубов за Рацин“
На 27.12.2022 се одржа турнир во баскет на кој учество зедоа професори од средните училишта во Прилеп. Турнирот беше во организација на професорот по спорт Орде Цветаноски.
Поголемиот дел од настаните се случуваа на 4.01.2023 г. – денот кога е загинат Народниот херој Мирче Ацев.
Традиционално, во 10:00 ч. вработените во Гимназијата, учениците- членови на Ученичкиот парламент, пензионирани професори од Гимназијата, и претставници на гарнизонот на АРМ, положија цвеќе на Могилата на непобедените и Алејата на народните херои.
Потоа, на бистата на Мирче Ацев во дворот на Гимназијата, свежо цвеќе положија Градоначалникот и делегација на ЛС на Општина Прилеп, делегација на прилепскиот гарнизон на АРМ, делагација на Сојузот на борци и граѓани продолжувачи на делото на борците, делегација на основните и средните општински училишта од Прилеп и делегација од Гимназијата.
Централен настан беше свечената Академија посветена на херојот Мирче Ацев која се одржа во 18:00 ч. во театарот „Војдан Чернодрински“. Пред преполната сала со публика најпрво се обрати градоначалникот на Општина Прилеп, господинот Борче Јовчески.
Со неколку точки настапи гимназискиот хор под диригентство на професорката Татјана Ивановска. Со рецитации, се претставија учениците: Ива Тркалеска, Мила Здравеска, Матеј Филипоски, Искра Спиркоска, Елена Јандреовски, Петар Рујаноски Стојановски, Софија Оџаклиеска, Стефан Секулов и Натали Ширкоска
Со соло изведби, оркестарски и инструментални изведби се претставија учениците: Софија Настоска, Кристијан Узуноски, Александар Бонески, Никола Бонески, Наум Наумоски, Дијана Христоска, Бојан Николоски, Константин Младеновски, Андреј Кулески, Петар Апостолоски, Марија Ковилоска, Александра Трајческа, Ивана Јовеска, Михаела Наумоска, Ивана Стојаноска и Нина Десоска.
Дека родителите на нашите ученици со задоволство ги поддржуваат ваквите настани, покажа господинот Борис Миленкоски, професор од музичкото училиште „Ордан Михајлоски - Оцка“. Тој со неговиот син Мирослав Миленкоски, ученик во трета година изведоаедна инструментална композиција на саксафон.
Водители на програмата беа учениците Тамара Пирганоска, Ненад Кулески, Никола Мавчев и Натали Ширкоска.
По завршувањето на сценските настапи, во фоајето на театарот свечено беше отворена изложба на слики од учениците, посветени на ликот и делото на Мирче Ацев. Изложбата ја менторираше професорката Гордица Димитриевска Груеска.
Настапот на учениците на свечената Академија го подготвуваа професорите Емона Јованоска (координатор), Дарко Ристески, Татјана Ивановска, Весна Михаиловска и Мирјана Бошковска.
За изгледот на сцената се погрижи професорот Александар Џинго.
Целата организација на свеченоста беше поддржана од в.д. директорката Весна Михаиловска и со техничка поддршка од професорите Николче Богданоски, Мартин Наумоски, Кети Ефремоска-Наумоска и од Тони Сваќароски.
Фотографија:
Марија Темемеле
Ања Апостоловска
www.prilep.gov.mk
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.