МК | EN | FR | DE
По освоените први места на регионалните натпревари во сите натпреварувачки дисциплини по музичка уметност, учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ повторно ги собраа сите први награди и на државните натпревари кои се одржаа на 06.05.2023 во Прилеп (соло пеење) и 14.05.2023 год. во Валандово (хор и оркестар).
Од вокалните солисти под менторство на проф. Татјана Ивановска првонаградените се Александра Трајческа (освои 100 бода), Ива Трајкоска и Ивана Јовеска.
Училишниот оркестар кој што е од мешан вид и брои 16 ученици, првото место го освои со композициите „Time To Say Goodbye“ – Сартори и „Старо прилепско оро“ во аранжман и под диригенството на проф. Татјана Ивановска.
Училишниот четвороголасен мешан хор кој што брои 73 ученици, првата и единствената награда со 100 бода ја освои со композициите „Canticorum jubilo“ од Хендл и „Македонско девојче“ од Јонче Христовски – обработка за четворогласен мешам хор и под диригенство на проф. Татјана Ивановска.
Натпреварите беа во организација на Здружението на музички педагози на Македонија, а се одржаа под името „Viva la musica“.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.