МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Предавање за гимназијалците од Д-р Марилена Стреид Бианки

 

Марилена Бианки

   Во средата на 22.11, учениците при гимназијата имаа задоволство да присуствуваат на предавање од Д-р Марилена Стреид Бианки (Marilena Streit-Bianchi).

   Марилена на учениците од гимназијата им презентираше од што се состои ЦЕРН, каде се наоѓа, кој е вклучен во научните истражувања, потенцирајќи дека и Македонија е една од државите кој има можност да праќа македонски физичари кои ќе работат на врвните научни истражувања.

   Атмосферата беше прекрасна, очите на учениците исполнети со љубопитност и восхит! Целото предавање беше под мотото: „Учениците да вложуваат во знаење, критички да размислуваат и да се стремат кон успеси, но не на кратки патеки, туку со работа да градат подобра иднина за целото општество, за многу идни генерации!

предавање ЦЕРН

ЦЕРН во Гимназија Прилеп

Колаж на фотографии од предавањето

   Организатор на предавањато беше професорката по физика Соња Димовска. Покрај организаторот на предавањето присутни беа и професорката по италијански јазик Габриела Пацаноска (како преведувач) и професорката по физика Ивана Златеска.


   Марилена е родена 1945 год. во Рим, Италија. Има докторирано биологија и како доктор по биологија од 1969 година работела во ЦЕРН (Европска организација за нуклеарни истражувања) во полето на радиобиологијата, при што ги проучувала биолошките својства на зраците на забрзаните честички.

   Таа е еден од основоположниците на PET (позитронска емисиона томографија) и во 1977 со група научници ја имаат направено првата дигитална ПЕТ фотографија на глушец. Овие тогашни постигнувања денес се користат во современата медицина како ПЕТ – КТ (компјутерска томографија) за рано дијагностицирање и лекување на некои видови канцер.

vo CERN

   Во времето на конструирањето на Големиот хадронски судирач (Large Hadron Collider, LHC) — најголемиот и највисокоенергетскиот забрзувач на честички, Марилена имала раководни функции за трансвер на знаење и технологија.
   Била ментор на многу студенти.
   Денес Марилена е пензионер, писател, уметник, постар почесен член на ЦЕРН, членува во „Nairucu Arts“, невладина организација во Мозамбик како лице за комуникаци и изложби, како и во организацијата „ARSCIENCA“ меѓународна асоцијација посветена на светот на науката и уметноста.

marilena binchi 

   Последниот успех на Марилена е книгата со наслов „CERN, Science bridging cultures“ (ЦЕРН, науката за премостување на културите). Со оваа книга таа истакнува дека ЦЕРН не е само лабораторија за физика, каде што се откриваат нови честички, туку голема, мултикултурна организација.


Објавено на: 23 Ное 2023

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија