МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Државен шампион и вицешампион на натпреварот по Македонски јазик и литература

 

   Државниот натпревар по Македонски јазик и литература за учебната 2022/2023 година се одржа во саботата, на 16.12.2023 во просториите на Филолошкиот факултет "Блаже Конески" во Скопје.

   Повеќе од успешен настап имаа две наши ученички кои се натпреваруваа во две категории : наставен материјал од прва година и наставен материјал од втора година.

македонски 23

државен натпревар по македонски јазик и литература

   Марија Јованоска стана ДРЖАВЕН ШАМПИОН со импресивен резултат од 97 бода (максимум се 100), додека Ивана Атанасоска е вицешампион затоа што бодовното салдо гласеше 92 бода (максимум беа 100).

   Ова се фантастични индивидуални резултати, но истовремено и одличен колективен резултат затоа што долго време на овие натпревари немало двајца ученици од исто училиште и ментор со толку високи одличја. Мора да напоменеме дека Марија Јованоска се стекна со правото на користење на државна стипендија од МОН.

мк-прваци

   Ментор на двете ученички е професорот Мартин Наумоски.

   Честитки до ученичките и менторот со надеж и обврска за нови одлични резултати во иднина.


Објавено на: 20 Дек 2023

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија