МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Три награди за рецитирање 

 

во библиотека 2023

   Гимназијалците и оваа година конкурираа на Конкурсот за најдобра рецитација, организиран од ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ - Прилеп. Во конкуренција на ученици од сите средни училишта, гимназијалците ги освоија првите три награди.

  • ПРВОТО место и припадна на ученичката Софија Оџаклиеска од II година, под менторство на професорот Дарко Ристески.
  • ВТОРОТО место го освои ученичката Евгенија Димитриоска од I година, под менторство на професорот Филип Ристески.
  • ТРЕТО место освои ученичката од I година, Лаура Кајџаноска, под менторство на професорот Филип Ристески.

   На настанот на Гимназијата и беше доделена плакета, Благодарница за континуирано активното учество и благодарност за поддршката од директорката Весна Михаиловска.

   Им честитаме на ученичките и менторите!


Објавено на: 12 Дек 2023

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија