МК | EN | FR | DE
На 27.02.2023 во просториите на нашата гимназија се одржа едукативен настан посветен на Денот на ретките болести. Настанот беше организиран од прим. М-р сци. Д-р Габриела Тавчиоска, педијатар едукатор на Медицинскиот факултет во Штип и стручен соработник на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Настанот беше поддржан од деканатот намедицинскиот факултет во Штип, директорката на нашата гимназија и компанијата „Виталиа“. На настанот се обрати и проф. Тодор Арсов, професор по генетика на Универзитето „Гоце Делчев“ во Штип кој повеќе години од својот професионален стаж ги поминал на Универзитетот Колумбија во Америка и Австралискиот Национален Универзитет.
Д-р Тавчиоска ги запозна слушателите со организацијата и целта на националанта капања за ретки болести. Во Македонија во тек е петтата по ред национална кампања „Ги запознаваме ретките болести“, која во светски рамки се одржува од 2008 година. Целта на кампањата е да се подигне свеста на јавноста за ретките болести, да се запознае со предизвиците и бариерите со кои се соочуваат пациентите со ретки болести и членовите на нивните семејтва, како и да се испратат пораки до креаторите на политики за поголем ангажман за повеќе истражувања за ретки болести.
Проф. Арсов одржа кратко, но многу информативно и мотивирачко предавања за генетската дијагностика на ретките болести. На настанот презентираа и две студентки по медицина. Леонарда Димоска, презентираше за ретките болести, а Ирина Кочоска презентираше случај на дете со ретка болест.
Вакви едукативни настани се одлична можност за збогатување на знаењето и прилика за воспоставување на контакт со здруженијата на пациенти со ретки болести.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.