МК | EN | FR | DE
21 февруари е Меѓународен ден на мајчиниот јазик. По овој повод Ученичкиот парламент организираше трибина на тема „Употребата на стандардниот јазик во наставата“.
Трибината ја отворија претседателката на Ученичкиот парламент Лина Тунеска и ученикот правобранител Филип Тренкоски. Модератор на трибината беше професорката по македонски јазик и литература Емона Јованоска.
На трибината говореа Оливера Тодороска, советник по Македонски јазик и литература во Бирото за развој на образованието, Ирена Трајкоска, наставник по Македонски јазик и литература во основното образование и Мартин Наумоски, наставник по Македонски јазик и литература во средното образование.
Оваа трибина се одржа во кабинетот по физика каде што гости беа ученици од сите средни училишта во градот, професори по Македонски јазик и литература од неколку училишта, а присутни беа и претставници на Советот на родители. Во најголем број беа учениците од нашата гимназија кои активно учествуваа во оваа трибина. Ова е само еден настан со кој што го одбележавме овој ден и разговараме за некои горливи прашања на полето на јазикот. Сето тоа беше во прилог на главната цел на трибината - да се подигне свеста кај учениците за употребата на стандардниот јазик во наставата.
Јазикот е емоција. Каде и да заспиеш, ќе сонуваш на македонски.
Текст: Филип Тренкоски
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.