МК | EN | FR | DE
После една година од почетокот на проектот „Chemical Dancing Models“ во кој носители на проектот се Природно-математичкиот училишен центар „Владимир Прелог“ од Загреб - Република Хрватска, а во него се вклучени партнер училиштата на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп ; Република Македонија; Школски центар „Антон Ашкерц“ Љубљана - Република Словенија и Природно математичкиот и хемиски центар „Пардубице“ - Република Чешка се одржа третата транснационална средба во Школскиот центар во Љубљана на која беа разменети искуства од користењето и примена на хемискиот софтвер „Chem Sketch“ во подготовката на школска програма за факултативен предмет по хемија и беа договорени следните обврски и задачи за тековниот период до наредната средба во мај на која треба да биде домаќин СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп во Република Македонија.
Со оглед на развојот и потребата од користење на информатичките технологи во секојдневниот живот и пракса целта на проектот е преку игра и забава со користење на хемискиот софтвер и 3Д форми од програмата „Chem Sketch“ - на учениците, посебно на оние кои покажуваат поголем интерес за тоа, би му се олеснило учењето, експериментирањето, истражувањето итн.
Освен работниот дел како и сите други проекти од Еразмус програмата тимовите од партнер училиштата за цел имаат да се запознаат и разменат искуства од начинот на работата, културата и традицијата во државите од кои доаѓаат.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.