МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Трето место на државниот натпревар за пишување на француски јазик

  На 22 април 2023 година во хотел Холидеј Ин во Скопје, во организација на Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија и фондацијата Бел идеал од Париз, се одржа манифестација на која им беа доделени наградите на победниците на државните натпревари по француски јазик во различни категории.

  Во категоријата Натпревари за пишување „Кажи ми десет зборови“ (Dis-moi dix mots), нашата ученичка Софија Гешоска го освои третото место. Ментор на Софија ѝ е професорката по француски јазик Мирјана Бошковска.

Sofija i Mirjana francuski

sofija francuski 2023

   Наградите ги доделуваа претседателот на „Бел Идеал“ г-ѓа Јадранка Бојковска Бенрејдал и претседателката на Здружението на професори по француски јазик на Република Македонија, г-ѓа Валентина Гацоска-Златковска.


Објавено на: 29 Апр 2023

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија