МК | EN | FR | DE
На 19 октомври, во гимназијата „Мирче Ацев“, се одржа работилница на француски јазик, како дел од регионалниот проект „Учиме и создаваме поинаку“. Целта на работилницата беше преку иновативни методи на учениците да им се доближи францускиот јазик и на креативен и забавен начин учениците да научат нешто повеќе за францускиот јазик и култура.
Во работилницата учествуваа ученици од IV година чиј професор по француски јазик е Мирјана Бошковска. Со работилницата раководеа гостинот од Франција, кореографот Давид Ролан, заедно со неговата асистентка Леа.
Оваа ученичка активност, беше реализирана во соработка со Француската алијанса во Битола и Центарот за културна деконтаминација.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.