МК | EN | FR | DE
Инспирани од делата на неколку македонски ликовни уметници кои твореле во периодот меѓу двете светски војни, во Втората светска војна и по неа, како Лазар Личеноски, Вангел Коџоман и Борко Лазески, учениците од прилепската Гимназија, изработија дела со вистински уметнички квалитети. На платната провејува роднокрајниот мотив, почетоците на писменоста во нашиот град Прилеп, образованието како значаен момент во животот на гимназијалецот и студент Мирче Ацев, животот пред и после НОБ, па се до денешениот современ живот во нашиот град.
Од делата беше организирана изложба во театарот Војдан Чернодрински, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на училиштето.
За сите кои не беа во можност да ја посетат изложбата, еве вистинска можност да уживаат во прекрасните дела на нашите ученици.
Овие ликовни дела беа изработени во сликарски ликовни техники: масло на платно, темпера и акрилик на платно и комбинирана техника на платно.
Учениците твореа под менторство на професорката Гордица Димитриевска Груеска.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.