МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Второ место за идните политичари од гимназиските клупи

  Во финалниот настан на едукативната активност „Имам став”, која се одржа на 02.05.2023 во салата „Борис Трајковски” во Собранието на Република Македонија, нашите гимназијалци постигнаа голем успех освојуваќи второ место!
   
За овој висок пласман заслугите им припаѓаат на нашите ученици: Андреј Андреески, Марио Пеливаноски, Филип Тренкоски, Филип Станкоски, Стефани Стојческа, Димитар Зердески, Андреј Зојчески, Михаил Аризанкоски, Стефанија Ацеска, Маја Марија Богдан, Никола Бонески, Дино Апостолоски, Иван Здравески, Ангела Чупетреска, Јана Кокароска, Даниел Мирчески, Златко Марковски, Филип Темелкоски, Деспина Спасеска и Благојче Златески под менторство на професорите по социологија Снежана Тодорческа и Натали Којев.

 

гимназијалци во парламентот на РМ гимназијалци во парламентот на РМ гимназијалци во парламентот на РМ гимназијалци во парламентот на РМ гимназијалци во парламентот на РМ

 

   Во рамките на оваа сезона на активноста учествуваа вкупно 336 учесници од десет средни училишта од државата. Училиштата се натпреваруваа меѓусебно симулирајќи пленарна расправа на Собранието. Дебатите ги оценуваше жири - комисија составена од пратеници и вработени во Парламентарниот институт. Вкупно 24 различни пратеници беа дел од активноста.

   Целта на одржување на оваа едукативна активност е приближување на работата на Собранието на Република Македонија и процесот на донесување на закони до младата популација.

 


Објавено на: 03 Мај 2023

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија