МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Завршни активности на Прватата национална олимпијада за вселената

 

вселена завршни активности

   Минатогодишните победници на 4тиот Хакатон од Првата Национална Олимпијада за Вселената од нашето училиште, Никола Бонески IV-8, Софија Настоска II-6 и Георги Николоски II-4 под менторство на професорката Марина Попоска, во саботата на 2.12.2023, на аеродоромот Стенковец, во близина на Скопје, учествуваа на финалниот настан што го организираше Њу Менс Бизнис Акцелератор и Фондацијата Голдилокс со поддршка на Американската амбасада.

вселена завршни активности

вселена завршни активности

вселена завршни активности

   На настанот се изведоа многу интересни активности. По предавање за атмосферата и вградување на системи, имаше работилница за подготовка и поврзување на летало дрон со сензори за мерење на температура, барометарски притисок, влажност на воздухот, присуство на CO₂ и загаденост на воздухот (TVOC).

вселена завршни активности

вселена завршни активности

вселена завршни активности

вселена завршни активности

вселена завршни активности

вселена завршни активности

   Сите присутни учесници беа поделени во тимови кои работеа на истражување на податоци за тој ден, техничкото решение за експериментите, како и креирање Лого на мисијата. Потоа, се изведе летање на дронот со поставениот уред за експериментите, по што беше направена анализа и споредба на истражените и добиените податоци.

   Учесниците имаа и можност да летаат во мали групи со балон на топол воздух.

   Во завршниот дел на настанот, се одржа предавање „Како самостојно да изработиш ДРОН или мал АВИОН“.

вселена завршни активности

вселена завршни активности

вселена завршни активности

вселена завршни активности

вселена завршни активности

вселена завршни активности

вселена завршни активности

   Сите учесници добија сертификати за учеството на настанот.


Објавено на: 04 Дек 2023

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија