МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Еколошки проблеми има. Сакаме да ги решиме!

 

   По повод 21 март, Денот на пролетта и Денот на екологијата, учениците од Гимназија „Мирче Ацев“ реализираа неколку активности. 
   Во училишниот двор имаше организирана еко патрола која на големите одмори во двете смени ги забележуваше еколошките лесно решливи проблеми и им даваше инструкции и совети на соучениците за почиста и поздрава еколошка средина.

   Во исто време во една од просториите на училиштето група ученици дискутираа за екологијата, правеа изработки со еколошка содржина и подготвуваа изложба со истите.
   Трета група ученици изработија  презентација која подоцна им беше претставена на учениците, професорите и останатите присутни во централниот ходник во училиштето, каде што се направија завршните активности.

   На големиот одмор во попладневната смена, реализирано беше презентирање на сите активности кои тој ден ги направија учениците, членови на еко тимот во училиштето и членови на еколошкиот сектор при Училишниот парламент.

Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата Активности за денот на екологијата

   Во активностите по повод Денот на екологијата вклучени беа учениците: Евгенија Димитриовска, Михаел Недески, Анасатсија Митоска, Душица Петкоска, Матеа Блажеска, Јована Стојаноска, Мила Дамеска, Георги Николоски, Анита Мирческа, Катерина Николоска, Елеонора Ковилоска, Милена Наумоска, Михаил Шиклески, Давид Димовски, Давор Петрески, Стефан Станкоски, Тамара Стеваноска, Ива Богеска и Илина Трпаноска.
   Овие активности раководени беа од училишниот педагог Светлана Барлакоска, а во реализацијата на истите вклучени беа и професорите Дејан Стерјовски и Николче Богданоски и училишниот социолог Евда Спиркоска.


Објавено на: 27 Мар 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија