МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

По осми пат се реализира хуманитарната акција „Еден поинаков ден“

 

   Во организација и координација на проф.Ружа Ангелеска, во неделата, на 07 јануари, 8-ми пат по ред се организираше Хуманитарната акција „Еден поинаков ден“ посветена на една од најчувствителните категории - деца без родители, а последните 6 години сместени во згрижувачки семејства.

eden-poinakov-den-2024

   Акцијата има една и единствена цел, ако не сме во можност на овие деца да им обезбедиме вистински семејства, можeме децата и згрижувачките семејства да ги охрабриме дека не се сами, а воедно да поттикнеме поголем број на граѓани, ученици, претставници на бизнис секторот итн. на хуманост, солидарност и да им овозможиме барем еден поинаков ден во текот на годината. На тој ден во несекојдневен амбиент децата и згрижувачите се дружат, разменуваат искуства и емоции.

   Исто така на дечињата им се подаруваат работи кои им се неопходни во секојдневниот живот. Голема благодарност до сите хумани луѓе...

   Оваа година по втор пат децата со згрижувачите беа гости на заедничкиот Божиќен ручек во хотел Салида организиран од Детската амбасада под мотото „Сите деца под едно небо“

хуманитарни пакетчиња хуманитарни пакетчиња

   Главни донатори за подароците на дечињата од згрижувачките семејства оваа година се бизнисменот и советник во ЛС Диме Бозоски и нашата поранешна ученичка, гимназијалката Исидора Стеваноска која при промоцијата на нејзиното прво издание од книгата „Хероите на хармонијата“ најави дека средствата од тоа издание ќе ги донира за хуманитарни цели.


Објавено на: 11 Јан 2024

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија