МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Гимназијалците Петар Мирчевски и Георги Николоски најдобри хемичари во Македонија

 двајца прваци по хемија

  На 10.06.2024г. во просториите на ПМФ, Институт за Хемија, Скопје, се одржа државниот натпревар по хемија на кој учениците од СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ постигнаа одлични резултати.

   Од 6 учениците кои беа пласирани за државен натпревар според освоените бодови и процент на реализација, учениците Петар Мирчевски и Георги Николоски се први на ранг листата на државно ниво во втора и трета категорија, а на три ученици кои добија пофалници за успешно учество наградите им побегнаа за 1-3 бода заради високо пласираните соученици.

   Под менторство на проф.Блаже Димески учениците од трета година:

  • Петар Мирчевски ПРВО место -ДИПЛОМА
  • Кристијан Узуноски ПОФАЛНИЦА за успешно учество

   Под менторство на проф.Ружа Ангелеска учениците од втора година:

  • Георги Николоски ПРВО место -ДИПЛОМА
  • Марија Митреска II (втора) година -ПОФАЛНИЦА за успешно учество

   Под менторство на проф.Христина Манческа учениците од прва година:

  • Теодора Крстеска -ПОФАЛНИЦА за успешно учество на државниот натпревар и
  • Софија Димитриеска - Сертификат за учество

од натпреварот по хемија проф.Ружа Ангелеска и Георги Николоски

   Браво за учениците и менторите!


Објавено на: 13 Јун 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија