МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Гимназијалците успешни и во полето на филмот

   Шест гимназијалци изработија документарен филм со кој учествуваа на меѓународен фестивал за средношколски аматерски филм во организација на Академијата на уметности Белград. Во конкуренција на 70 филмови од повеќе балкански држави, гимназискиот филм со наслов „Најскапиот пат - првата жртва на автопатот“ се пласира меѓу петте најдобри на фестивалот.

најскапиот - насловна

   Според пропозициите, максималната дозволена должина на филмот е 15 минути и истиот во целост мора да е изработен од ученици - аматери. На фестивалот се додели само по една награда за најуспешното остварување, во три категории (игран, анимиран и документарен филм).

   Филмот го изработија група ученици од прва година: Евгенија Димитриовска, Софија Димитриеска, Михаил Ѓорѓиески, Сара Атанасоска и Илина Радеска и од втора година Елена Јандреовски, кои се именуваа како „Гим Филм Тим“.

   Документарниот филмот обработува актуелна тема поврзана со изградбата на „автопатот“ Прилеп - Битола и незаконската експлоатација на ридот Каракамен. Каракамен (Црн камен) е рид помеѓу селата Алинци и Шелеврци кој во себе крие многу минерали, од кои некои уникатни, полускапоцени, минерали со многу висока радиоактивност и многу реткиот минерал Македонит.

  Како соговорници во филмот учествуваат м-р Васја Дамески и проф. Блаже Димески.

интервју со Васко

интервју со Васја Дамески

 интервју со Блаже

На патот

подесување на опремата

снимање на патот

Стеро, Никола и Евгенија на патот

сите на ридот со професорите

Михаил монтажира

монтажирање на филмот

во Белград

Блаже со директорката

благодарници

   Организациската и техничката поддршка во реализацијата на филмот беше на професорите Николче Богданоски и Дејан Стерјовски.

   Со учеството и постигнатиот пласман, гимназијалците успешно го претставија нашето училиште, Прилеп и Македонија.


Објавено на: 11 Јул 2024

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија