МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Секој натпреварувач од нашата гимназија освои награда на државниот натпревар по биологија

државен натпревар биологија 2024

   Во организација на Друштвото на биолози, на 18.05.2024 година во просториите на Природно-математичкиот факултет се одржа Државниот натпревар по биологија.

   Од Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, на натпреварот учествуваа осум ученици и сите се вратија со награди.

   Од втора година:

  • Ивана Атанасоска освои - I награда
  • Георги Николоски освои - I награда
  • Марија Митреска освои - I награда
  • Теодора Конеска освои - II награда
  • Антонио Велкоски освои - III награда

   Од прва година:

  • Јован Митов освои - II награда
  • Михаела Андриеска освои - III награда
  • Горјан Ристески освои - III награда

  Ментор на сите ученици е професорката Софија Крстеска

   Континуитетот во високото рангирање на државните натпревари е одраз на посветеноста и амбицијата од страна на нашите ученици за стекнување на нови и продлабочување на стекнатите знаења и безрезервната заложба и мотивацијата од страна на нашите професори.

   БРАВО за учениците и за менторот!


Објавено на: 19 Мај 2024

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија