МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Уште едно прво место за Благој, овој пат на Македонската олимпијада по информатика 

   државен првак на олимпијада по информатика

   Благој Рујаноски Стојановски од втора година и Иван Јованоски од четврта година учествуваа на Македонската олимпијада по информатика која се одржа на 16.04 и 17.04. во Скопје на ФИНКИ.
   Натпреварувачи од цела Македонија во два дена си ги одмеруваа знаењата при што нашиот ученик Благој освои прво место.

прво место

   Со овој успех, Благој може да учествува во селекционите натпревари за учество на Балканската односно светската информатичка олимпијада.

   Ментор на Благој му е професорката по информатика Анета Стојческа.

   Ова, не е прв ваков успех на Благој. На државниот натпревар по информатика кој се одржа пред еден месец, Благој беше апсолутен победник со најмногу бодови од сите натпреварувачи.

   Браво Благој!


Објавено на: 25 Апр 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија