МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Гимназијалките во самиот врв на натпреварот по македонски јазик

 

 regionalen natprevar makedonski jazik 2024

   Македонистите - средношколци при СОУ Гимназија "Мирче Ацев" во континуитет бележат одлични резултати.

   Регионалниот натпревар, одржан на ден 13.04.2024 во Битола, во ООУ "Кирил и Методиј", покажа дека нашите ученички се во самиот врв. Имено, имавме две ученички во две различни категории, (втора и трета година) и и двете се пласираа на Државен натпревар кој ќе се одржи во Скопје на 18.05.2024

   Ивана Атанасоска, II-7 клас освои 97 поени, а Марија Јованоска од III-8 клас освои 84 поени.
   Ментор на двете ученички е професорот Мартин Наумоски.

   Им посакуваме успех на нашите гимназијалки и менторот со надеж и обврска за одлични резултати и на државниот натпревар.


Објавено на: 13 Апр 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија