МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Златен медал за роботика, за гимназијалецот Иван Јованоски

 робомак роботика натпревар 2024
(Иван Јованоски - на фотографијата трет од десно)

   Од 22 до 25 април 2024 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје се одржа натпреварот „Robomac Junior“ во организација на ФЕИТ и Институтот за електроника (ИЕЕЕ) во кој учествуваа 54 ученици од четврта година од 26 средни училишта од Македонија, поделени во 2 категории и во тимови по тројца ученици од различни училишта.

   На натпреварот од нашата Гимназија учествуваа Иван Јованоски и Никола Василески – ученици во четврта година под менторство на професорката Анкица Стеваноска Јанческа.

   Учениците се натпреваруваа во две категории.

   Во категоријата АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА – ученикот Иван Јованоски освои златен медал.

   Учесниците во оваа категорија се натпреваруваа во програмирање, управување и паметна навигација на мобилни Arduino роботи, со цел роботите самостојно и најбрзо да решат зададени задачи (избегнување препреки, следење патека, паметно паркирање).

робомак

   Во категоријата ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА – се натпреваруваше ученикот Никола Василески кој доби сертификат.

   Учесниците во оваа категорија се натпреваруваа во развој на алгоритам за извршување на специфична задача на вградливи компјутерски системи, електронски сензори, електрични мотори, драјвери за нив и имплементирање на алгоритмот во соодветен програмски јазик за вградлива Arduino платформа.

робомак 2024

   Освен натпреварувањето, овој настан имаше и едукативен карактер бидејќи професори и експерти одржаа предавања за основните принципи на роботиката, вештачката интелегенција и електрониката.

 

Фотографиите се позајмени од:https://feit.ukim.edu.mk/novosti/se-odrzha-natprevarot-robomac-junior-2024/


Објавено на: 27 Апр 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија