МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Пет први награди на државниот натпревар по музичка уметност!

 

   На Државниот натпревар на 11.05.2024 год. во Скопје, со изведбите на „Валцер бр.2" од Шостакович и „Со маки сум се родила“ (во аранжирани од проф. Татјана Ивановска која воедно е и диригент) училишниот оркестар кој брои 21 ученик  освои Прво место со единствените 100 бода.

оркестар 2024

   На Државниот натпревар на 14.05.2024 год во Кичево, училишниот бенд во состав Кирил Младеноски, Константин Младеновски, Леонид Насески и Никита Кузманоски освои Прва награда со 97 бода.

училишен бенд

   На натпреварот на 15.05.2024 год. во дисциплината вокална интерпретација нашите ученици и оваа година освоија први Државни награди и тоа: Христина Младеновска (95 бода), Софија Настоска (98 бода) и Михаела Наумоска (100 бода)

христина 

софија

михаела

   Менторството за оркестарот, бендот и вокалните интерпретатори е на проф.Татјана Ивановска

   БРАВО и за учениците и за менторот!


Објавено на: 12 Јун 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија