МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим

Велосипеди

 

велосипеди - плакат на еко клубот

   На 5.02.2024 год. во просториите на Гимназијата „Мирче Ацев“, учениците, членови на ЕКО клубот направија презентација пред соучениците за велосипеди.
   На презентацијата се истакнаа предностите на возењето на велосипед со цел учениците да се поттикнат се повеќе да го користат велоспедот како превозно средство.
   Една од најголемите предности на велосипедизмот, што беше истакната, е неговото позитивно влијание врз здравјето. Според истражувањата употребата на велосипеди како вид на рекреација и транспорт помага во подобрување на физичката состојба, намалување на ризикот од срцеви заболувања и намалување на стресот.
   Освен тоа, велосипедизмот е еколошки начин на транспорт, што го намалува загадувањето на околината.

   Дали редовно се вози велосипед, колкав број на учиеници доаѓаат на училиште со велосипед, кои се причините поради кои не се користат велосипеди и дали нашиот град е безбедно место за велосипедизам беа дел од прашањата за кои членовите на ЕКО клубот спровеле анкета на ниво на училиште. Тие ги презнетираа резултатите од анкетата, а за истите прашања се отвори дискусија помеѓу присутните ученици кога секој го искажа својот став и мислење, а се потенцираа и проблемите со кои се соочуваат велосипедистите и на веќе постоечките велосипедски патеки во градот.

   Главен акцент за проблемите на оној мал број велосипедски патеки се стави на корпите за отпадоци, сообраќајните знаци и авомобилите паркирани на истите.

   Со оваа презентација членовите на ЕКО клубот се обидоа да ја зголемат свеста за почитување на правилата при градскиот велосипедизам.

велосипеди - еко клуб

велосипеди презентација

велосипеди - еко

еко клуб велосипеди

   Од презентацијата и дискусијата произлеога нови идеи и иницијативи за подобрување на инфраструктурата и свеста за безбедноста кај сите учесници во сообраќајот.

   ЕКО клубот при Гимназијата се надева дека ќе добијат поддршка за нивните идеи и дека младите луѓе од градот ќе бидат главни двигатели за решавање на овие проблеми со кои се соочуваме.

   Организатори и реализатори на оваа еко активност беа учениците Стефан Станкоски, Милена Наумоска, Марија Апостолоска, Марија Спиркоска, Елеонора Ковилоска и Евгенија Димитриовска.


Објавено на: 08 Фев 2024

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија