МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
21 Март – Ден на екологијата
 

На денот на екологијата

   21 Март – Денот на екологијата, ден кога и Гимназијата ѝ отстапи место на чистата средина, на природата, на пролетта, на животот.
   Диоген барал човек, Гимназијата е во вечна потрага по ученик-еколог. Ученик кој ќе се грижи за животната средина, онака како што би се грижел за сопствено здравје.
   Водени од мотото дека само во здрава, чиста и незагадена средина можат да се развиваат здрави личности, решивме оваа година да имаме програма исполнета со музика, проза и поезија посветена токму на оваа тема, бидејќи ако нешто најмногу допира до човекот, до ученикот, до професорот, тоа е пишаниот збор, тоа е слушнатиот глас.
   Нашата еколошка програма беше водена од ученичката Михаела Насеска, а поезија читаа учениците: Душица Тодороска, Ева Илиеска, Маријана Каранфилоска, Ангела Петреска, Фросина Стојановска, Марија Здравеска, Теодора Илиовска, Ангелина Апостолоска, Јана Костоска, Андреј Тошески, Марија Крстева.
   Овие прекрасни мигови беа исполнети и со музиката на Теодора Димеска, Михаела Аџиоска, Ангел Ѓорѓиоски, Деспина Јованоска.

   Покрај настаните во училишниот двор, активот на професори по спорт, по повод Денот на екологијата со цел да ја разбудат еколошката свест кај учениците но и пошироко кај граѓаните, реализираа и спортска активност, возење на велосипед низ градските улици.

   Драги ученици продолжете да ја боите татковината во зелено само така ќе растеме заедно кон нова и подобра иднина!


Објавено на: 22 Мар 2019

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија