МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
Нови успеси по географија и по хемија
 

географија и хемија

   На 30-ти ноември на Природно-математичкиот факултет по четврт пат се одржа манифестацијата за популаризација на природните науки и математиката насловена како „Ноември, месец на науката“. Организатори на настанот кој има натпреварувачки карактер се Македонското географско друштво, Македонското биолошко друштво, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојуз на математичари на Македонија, Македонското астрономско друштво, Скопското астрономско друштво, Македонското еколошко друштво, Истражувачкото друштво на студенти биолози и Природно-математичкиот факултет во Скопје. На манифестацијата учество зедоа и нашите гимназијалци.
   Во областа на географијата од вкупно 16 демонстрации - макети, второто место и припадна на ученичката Марија Карбеска, под менторство на професорката Виолета Проскоска Велкоска.

денови на науката

Маркови Кули Прилеп
   Во областа на хемијата, ученичката Викторија Дунимаглоска го освои второто место, а Леонарда Кајџаноска го освои третото место. Ментор на ученичките им е професорот Блаже Димески.


Објавено на: 05 Дек 2019

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија