МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
Гимфест 2019
 

   Да се создава, да се твори, да се креира е благородна работа...и професија. Да се збогатува меморијата со убави спомени, лицата со насмевки, срцето со радост е благодет кој што се помалку го има во овие турбулентни времиња. А токму во такви времиња да опстојуваш, создаваш,креираш не е мала работа. Па и ако тоа е веќе традиција од девет години тогаш е навистина голема работа. ГИМФЕСТ 2019 е голема работа! Овој мега проект покажа и докажа дека СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ има капацитет да прави нешто за кое што долго ќе се зборува. А токму таму, во салата при Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 05 и 06 април 2019, се случи и традицијата (9 години прилепски Гимфест ) , но се случи и историја – прв пат се случи национален музички средношколски фестивал на ниво на држава. Токму така, за прв пат Гимфест траеше два фестивалски денови и во тој период беше посетен од над 1600 луѓе. Салата беше претесна и за првата и за втората вечер , а гимфестовците,оние на сцената, се покажаа во вистинско светло и им создадоа незаборавни моменти на сите присутни.

   Овогодинештниот Гимфест имаше две теми ,филмска музика и музички МТV хитови.
   Солистите  (17 првата вечер и 20 втората вечер ) покажаа дека чекорат по стапките на филмските и уметничките диви и дека можат да ја донесат уметничко-музичката магија.
   Маестралните Лора Штаргоска и Христијан Тунески беа водители и домаќини на овој фестивал , а фантастичната Александра Јанева беше специјален гостин.
   На правата вечер, прилепската, свој настап имаа следните ученици :

•  Ангела Зероска    
•  Mартина Димитриоска  
•  Mаја Димеска    
•  Елена Хаџи Спиркоска  
•  Вероника Кузманоска
•  Ведрана Петреска  
•  Ивана Наумоска  
•  Афродита Јовеска  
•  Теодора Димеска  
•  Михаела Аџиоска  
•  Стефани Ралоска  
•  Ангел Ѓорѓиоски  
•  Елеонора Гацоска  
•  Деспина Јованоска  
•  Mарија Крстева  
•  Благоја Николоски   
•  Марија Ристеска

  Натпреварувачкиот карактер повторно беше присутен па така првото место го освои Ангела Зероска,втората е за Марија Ристеска и трето место за Елеонора Гацоска.
  Но, како што претхосно споменавме,крајот на првата вечер не значеше крај на фестивалот затоа што победниците,трите првонаградени , заедно со 17 учесници од Скопје,Охрид,Гевгелија,Ресен,Кичево,Богданци,Кавадарци...настапуваа втората вечер.Повторно напоменуваме,ова е прв обид да се направи национален средношколски музички фестивал на што како Гимназија посебно се гордееме.Втората вечер беше од ревијален карактер , но идејата е и таа национална вечер да прерасне во традиција и токму сцената на Гимфест да биде подлога за државен средношколски фестивал.На втората национална вечер настапуваа :

•  Милијана Ивановиќ од Скопје
•  Мартина Вељковиќ од Кавадарци
•  Ники Полизоева од Богданци
•  Јонатан Милески од Oхрид
•  Ванеса Маркова од Гевгелија
•  Анастасија Аврамовска од Скопје
•  Елена Манева од Скопје
•  Ивана Коскоска од Охрид
•  Емилија Трајкоска од Скопје
•  Jана Симоновска од Скопје
•  Иман Топчи од Oхрид
•  Ангелина Несторова од Гевгелија
•  Јован Симоноски од Ресен
•  Анастасија Илиоска од Kичево                 
•  Сара Манчевска од Скопје
•  Душица Стојковска од Гевгелија
•  Данило Арсоски од Кичево

   Еден од новитетите на овој Гимфест беше и танцовата група надополнета со актери -гимназијалци кои дадоа посебен белег на самиот фестивал. Тука беа :

Мариа Дисоска
Кристина Каламукоска
Симона Илиеска
Лилјана Јованоска
Дамјан Трајкоски
Андреа Велеска
Евгенија Кузманоска
Емилија Јовеска
Георгина Ѓорческа
Марија Самарџиоска
Марија Мицоска

   Кога се ќе се собере и одземе, ГИМФЕСТ 2019 е повеќе од успешно реализиран. За неговата реализација се погрижи комисија од професори во состав:

Mартин Наумоски – претседател
Татјана Иваноска
Орде Цветаноски
Александар Џинго
Кети Ефремоска
Наталија Гарбеска.

   Целиот проект беше поддржан од страна на директорот на СОУ Гим Мирче Ацев г-дин Димче Настоски.

   Вредно е да се напомене дека и оваа година Гимфест имаше свое пријатели-спонзори и тоа :
Прилепска Пиварница,Мермерен Комбинат,Витаминка,Локална Самоуправа Прилеп,Печатница Ацетони,Слаткарница Дизниленд Трејд, Пекара Алекс,Книжарница Михаела, Марфил,Кожувчанка,Фризерски салон Ема Плејс.

   Гимфест станува заштитен знак на Гимназијата,заштитен знак за Прилеп.Ова е фестивал кој покрај убавата музика промовира и создава вистински вредност,почит,другарство,поддршка...

   Наредната година е јубилеј, 10 години постоење на Гимфест. Се надеваме дека квалитет и идејата се препознаваат па оттука очекуваме поддршка од сите оние кои го мислат доброто на Гимназијата, фестивалот, младите, уметноста.
   Со добра мисла, се гледаме на 10 годишнина!


Објавено на: 10 Апр 2019

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија