МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
Најброен и најдобар,
гимназискиот хор со максимални 100 бода
го освои првото место на Државниот натпревар

    Од 10-ти до12-ти мај 2019 година, во Скопје се одржа Државниот натпревар  во повеќе музички дисциплини, како за основни, така и за средни училишта.
   Во првата дисциплина и I категорија учествуваше и мешаниот хор при нашето училиште (86 ученици од I до IV година), додека во втората дисциплина (вокална интерпретација - соло пеење) учествуваа: Ангела Зероска од четврта година и Теодора Димеска и Марија Ристеска од втора година.

   Хорот со својот впечатлив настап освои Прво место со максимални 100 бода, со што е единствениот кој досега постигнал таков успех.

Хористи и солисти први места

   Ангела Зероска, за вокална интерпретација - соло пеење, освои Прво, додека Теодора Димеска и Марија Ристеска освоија Втори места.

   Диригентот на хорот, а истовремено и ментор на вокалните солисти им е професорката по музичка уметност д-р Татјана Ивановска.


Објавено на: 31 Мај 2019

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија