МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
Интеркултурна размена во Швајцарија
 

pestaloci, gimnazijalci

   Во рамките на проектот Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија, осум ученици од нашата гимназија престојуваат во Швајцарија. Тие се сместени во детското село Песталоци во близина на градот Троген. Покрај нашите ученици, во детското село Песталоци, престојуваат ученици од гимназиите од Охрид, Дебар, Скопје и Куманово, како и нивни врсници од  Белорусија.
   Учениците посетуваат работилници на кои учат за детските права, дискриминација, идентитет, вредности…
   Покрај наставната програма се реализираа и неколку еднодневни екскурзии во Луцерн, врвот Сантис, Цирих, научниот музеј Технорама и водопадите на реката Рајна.

   Искуствата од оваа интеркултурна размена гимназијалците ќе ги споделат со своите соученици низ работилници, кои што ќе ги реализираат по враќањето од Швајцарија.

Емона Јованоска, професор,
супервизор на интеркултурната размена


Објавено на: 15 Дек 2019

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2024
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија