МК | EN | FR | DE
На 18.10. 2019 г. се одржа конститутивната седница на Ученичкиот парламент при СОУ Гимназија „Мирче Ацев“. На седницата присуствуваа новоизбраните претседатели на класните заедници и професорите од Тимот за Ресурсен пакет – Емона Јованоска, Кети Ефремоска и педагогогот Светлана Барлакоска. Заради оправдано отсуство на претходниот претседател на Ученичкиот парламент – ученичката Ангела Николоска од IV година, со седницата претседаваше ученичката Марија Димеска, IV година, досегашен секретар на Ученичкиот парламент. Единствена точка на дневниот ред на состанокот беше избор на Претседател на Ученичкиот парламент при Гимназијата за учебната 2019/2020 г.
Според Правилникот за избор на Претседател на Ученички парламент, истиот се одвиваше по пат на тајно гласање. Право за гласање имаат само претседателите на класните заедници. За претседател на Ученичкиот парламент оваа година се пријавија тројца кандидати. Тоа се учениците: Трајче Илиоски од III година, Сашо Јандрески од II година и Марио Велкоски од III година. Тие се претставија пред присутните и се обратија со куси говори. Потоа се спроведе тајното гласање на присутните претседатели на класните заедници, кое го надгледуваше посебна Комисија составена од тројца ученици. По пребројувањето на гласачките ливчиња Комисијата утврди дека најголем број гласови доби ученикот Сашо Јандрески од II година, со што тој беше прогласен за Претседател на Ученичкиот парламент во Гимназијата за учебната 2019/2020 г.
На состанокот беше избран заменик претседател на Ученичкиот парламент – ученикот Марио Велкоски од III година и секретар на Ученичкиот парламент – ученикот Трајче Илиоски од III година. Исто така беа избрани и координатори на учебни години.
На членовите на Ученичкиот парламент и на Претседателот им посакуваме успех во активностите што ги планираат.
Тим за Ресурсен пакет
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.