МК | EN | FR | DE
Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство преку весникот „Медиум“ по десетти пат го организираа наградниот конкурс „Изрази се преку медиумите“. Оваа година темата на конкурсот беше „Сакам да живеам во чиста околина“. Оваа активност е дел од кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ што ја реализира Институтот за комуникациски студии со финансиска поддршка на Владата на Обединетото Кралство. Конкурсот траеше од април до мај оваа година и на него се пријавиле 46 апликации од 24 средни училишта од Македонија.
Вероника Кузманоска ученик во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ - Прилеп, под менторство на професорката Стефани Видеска, ја освои третата награда на конкурсот.
Вероника Кузманоска во фотосторијата ги фотографираше Благоја Младеноски и Теодора Илиовска кои низ фотграфиите пренесуваат еколошки пораки.
Учениците остварија средба со член на британското кралско семејство, принцот Едвард, на кого му ја презентираа нивната фотоприказна.
Наградите на учесниците на конкурсот им ги додели британската амбасадорка Рејчел Галовеј. Од 8 до 10 јуни, кај Смоларските водопади за победниците на конкурсот ке биде организиран летен медиумски еко камп.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.