МК | EN | FR | DE
Ноќ за паметење.Предвечерието на интернационалниот ден на жената со мотиви од славење на вино и љубов ни донесе уште една незаборавна вечер режирана од нашите гимназијалци.Шест години со ред се одржува поетско-музичка дружба , а оваа година беше една од најуспешните и најемотивните вечери затоа што практично ,на барање на многубројната публика , настанот траеше повеќе од 2 часа.Но да одиме со ред. Поетско – музичката манифестација именувана како “Креирај убавина,креирај среќа” креирана од професорите Мартин Наумоски и Наталија Гарбеска се одржа на 07.03.2019 во Клуб Калипсо. Повторно имавме микс на убава поезија и прекрасна интерпретација на музички точки од нашите солисти со еден новитет.Новитет се состоеше во тоа што имавме “отворен микрофон” за сите оние кои сакат да рецитираат и да пеат од публиката.Програмата која ја спремија нашите ученици беше повеќе од успешна па надополнета со желба,талент,емоција,среќа и убавина од самата публика добивме совршен производ – ноќ за паметење. Гимназија Мирче Ацев уште еднаш покажа дека знае и го одржува високото ниво на организација и реализација на настаните,а токму во таа реализација учествуваа следните ученици : Мариа Дисоска,Тереза Пипиџаноска,Стефанија Стефаноска,Сања Котеска и Јована Трајковска во поетскиот дел и Aнгела Зероска,Вероника Кузманоска,Маја Димеска,Елена Хаџи-Спироска,Димитар Паскоски како солисти.Тука беа и нашите инструменталисти кои имајќи перформанс во живо уште повеќе ја збогатија вечерта,а тоа беа : Никита Стојаноски,Леонид Котески и Гоце Илиески.Самиот настан беше поддржан од директорот на Гимназијата г-дина Димче Настоски.
Се надеваме дека оваа традиција ќе се негува и во иднина затоа што и овој пат се покажа дека на луѓето им се потребни убави зборови и музика за да се вратат насмевките на нивните лица.
Поздрав до следното видување.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.