МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
Свеченост по повод доделувањето на
дипломите на матурантите од генерацијата
2018/2019
 

Матуранти генерација 2019

   Во средата на 14 Август, со пригодна програма, во свечен амбиент, на гимназиските матуранти од генерацијата 2018/2019 год. доделени им беа дипломите за завршено средно образование.
   Водител на програмата беше матурантот Христијан Тунески, кој ги поздрави матурантите, директорот, професорите и присутните гости. Следуваа неколку музички точки во изведба на Теодора Димеска и Ивана Наумоска.
   Потоа во кратко обраќање, директорот Димче Настоски на матурантите им ја честиташе матурата и им посака успех во понатамошното образование и во животот. Воедно, директорот го прогласи и првенецот на генерацијата, матурантката Ана Георгиеска, која исто така имаше свое кратко обраќање до своите соученици и присутните професори и гости.

   Следен беше чинот на поединечно доделување на дипломите на матурантите.

   Класните раководители ги испратија своите ученици од гимназијата со поздрави и желби за сѐ најдобро.

Фотографија: Натали Десоска


Објавено на: 18 Авг 2019

 



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија