МК | EN | FR | DE
Нина Насеска, ученичка во трета година при Гимназијата „Мирче Ацев“ е добитник на втора награда за литературната творба „Дедо Раде и пчелите”, во категоријата раскази, на конкурсот објавен од Министерство за финансии, Народна банка и Агенција за супервизија на осигурувањето, а по повод Светскиот ден на штедењето - 31 октомври и Денот на осигурувањето - 1 ноември.
На настанот кој се одржа во саботата, на ден 09.11.2019, во просториите на Министерството за финансии присуствуваа гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска, министерката за финансии, Нина Ангеловска и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Попоски.
Годинава на конкурсот се пријавија над 1000 ученици од основните и средните училишта од целата земја, додека наградени беа 18 во 6 категории, поезија, проза и ликовни творби.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.