МК | EN | FR | DE
Осум ученици од нашата Гимназија, од прва до трета година и оваа година учествуваа на државниот натпревар по хемија кој се одржа на 18 Мај во Институтот по хемија на ПМФ Скопје.
Од нив најдобар резултат постигнаа Сања Крстеска, која освои прва награда под менторство на проф.Блаже Димески и Александар Петрески кој освои трета награда под менторство на проф.Ружа Ангелеска.
Двајцата ученици се од втора година и со 16 години беа во најтесниот избор за годинашниов олимписки тим за светска олимпијада во категории од прва до четврта година.
Оваа година учениците Викторија Дунимаглоска од трета година и Александар Петрески, Сања Крстеска и Стефанија Секулоска од втора година се пласираа со можност за влез во олимпискиот тим за светска олимпијада по хемија за наредната година.
Тоа е уште еден доказ дека учениците и менторите од Гимназијата во континуитет во текот на сите години од одржувањето на натпреварите по хемија се посветени на предметот и постигнуваат високи резултати.
Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.