МК  |  EN  |  FR  |  DE  

гимназија

Средно општинско училиште

Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп

Официјална веб страна на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
facebook logo tviter logo youtube logo vikipedija logo
биди гим
„НЕ!“ на онлајн екстремизмот и радикализацијата
 

Не за екстремизмот

   На 30ти и 31ви март се одржа работилница од проектот „„НЕ!“ на онлајн екстремизмот и радикализацијата“. Организатор на работилницата беше тимот на ИМОР Битола, предводен од Мимоза Анастасоска – Јанкулоска.
   Како дел од проектната активност Мир, толеранција и заштита, на работилницата присуствуваа и учениците од нашата гимназија Веселина Јованоска, Милена Спиркоска и Горазд Попоски.

   Работилницата се состоеше од шест сесии на кои учесниците дознаа нешто повеќе за мисиите на УНЕСКО од овдешниот претставник Жако Ди Туа. Дебатираа за заштита на своите лични податоци во онлајн-светот со Тони Наковски кој што е инженер за кибер безбедност, како и за препознавање и спречување на онлајн заканите и контра аргументите.

   Предавање за важноста на дивергентното и критичко размислување при градењето на сопствените ставови им одржа психологот Ивана Маринчек.

   Учесниците низ интересни вежби длабоко навлегоа во темите на овие работилници со што стекнаа многу нови сознанија од оваа проблематика.
   Интересен момент од овие работилници беа онлајн-тестовите за безбедност и заштита на социјалните мрежи. Посебно внимание привлече тестот за препознавање на спам-пораки од кој учесниците сфатија колку лесно можат да бидат измамени на интернет.
   Групата на ученици од гимназија „Мирче Ацев“ ја предводеше професорот Гоце Ѓорѓиоски.

 Не за онлајн екстремизам не за онлајн екстремизам 2019не за радикализација

За проектот може да погледнете и видеозапис овде.


Објавено на: 05 Апр 2019

 

Други настани



Сите права се задржани. СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп
Copyright © 2010 - 2023
www.gimprilep.edu.mk. All rights reserved.

QR Код
гимназија